Новиот премиер на Италија „твиташе“ уште првиот ден

Новиот и најмлад премиер во историјата на Италија, Матео Ренци чијашто влада денеска започна со работа, веднаш на Твитер одговори на прашањата на поддржувачите, што укажува на тоа дека времињата се менуваат.

Ренци (39) кој вчера ја положи заклетвата, вети изненадувања во областа на дигиталната економија и дека ќе се обиде да ги намали даноците.

„Ова е моја најголема одговорност, Италија која пружа можности, наместо Италија која бара данок,“ одговори на следбеникот кој го замоли да не ги разочара младите луѓе, на кои, со неговите години им даде надеж.

Ренци е модерен политичар и вети брзи реформи за да ја раздвижи економијата по двегодишна рецесија, поради што невработеноста достигна рекордно ниво.

Тој на Твитер има 850 илјади следбеници кои денеска и понатаму му се обраќаа како градоначалник на Фиренца и генерален секретар на владеачката Демократска партија.