Новиот севернокорејски устав го прогласи Ким за шеф на државата

Новиот устав на комунистичка Северна Кореја, кој политичките аналитичари на Западот го сметаат за исчекор кон обидот за воспоставувањето мирни односи со САД, и формално го прогласи Ким Џонг-ун за челник на државата и врховен командант на вооружените сили.

САД и Северна Кореја се долго во потрага по решение кое би ги нормализирало односите меѓу двете тензии и би ги намалиле меѓусебните воени закани, со што ќе се стави крај на техничката состојба на војна што постои од периодот на Корејската војна од 1950 до 1953 година, која заврши со потпишување примирје, но не и целосен формален мировен договор.

Новиот устав на Северна Кореја, кој е објавен во четвртокот на државниот портал Naenara, наведува дека Ким Џонг-ун како претседател на Советот за државни работи, главното извршно тело формирано во 2016 година, е „врховен претставник на сите Корејци“, што значи дека се прогласува за шеф на државата и врховен командант на вооружените сили.

Претходниот севернокорејски устав го именуваше Ким како „врховен водач“ кој командува со „севркупните вооружени сили“ на земјата. Формално според претходниот устав шеф на државата беше претседателот на паралментот, односно на Президиумот на врховното народно собрание.

„Ким сонуваше за тоа да стане претседател на Северна Кореја, и тоа го оствари… Долго врем сака да ја измени ненормалната политика на давање приоритет на војската што државата го спроведуваше долго време“, вели за Reuters Ким Донг-јуп, професор на Институтот за Далечниот исток при Универзитетот Кјунгнам во јужнокорејската престолнина Сеул.

Ким од минатата 2018 година почна да се свртува на економијата, започна со нуклеарните преговори со САД, и се обиде да создаде имиџ на светски лидер на состаноците без преседан со американскиот претседател, со претседателот на на Јужна Кореја. Исто така, претседателот на Кина по подолго време беше првиот кинески челник кој допатува во Сеул, а Ким откако дојде на власт првпат отпатува во Москва на средба со рускиот претседател.

Хонг Мин, истражувач од Корејскиот институт за национално помирување во Сеул, смета дека промената на титуларот, исто така, е насочена кон подготовката за потенцијален мировен договор со САД. „Измената може да биде можноста за Ким да добие статус на потписник на мирот, а притоа да го претстави имиџот на Северна Кореја како нормална држава“, појаснува Хонг.