Новиот сој на коронавирусот во Германија е од ноември, медиуми

Новиот сој на коронавирусот откриен кон средината на декември во Велика Британија, се чини дека во Германија е присуден уште во ноември, утврдиле лекарите дополнително проверувајќи ги примероците на повозрасен пациент кој во меѓувреме починал, извстува весникот Die Welt во понеделникот.

Експертите на медицинскиот факултет во Хановер успеал да ја потврдат варијацијата со ознаката B1.1.7 на коронавирусот SARS-CoV-2 во примероците добиени од пациент кој имал коморбидитетте, известува весникот повикувајќи се на регионалниот министер за здравство на германската сојузна земја (покраина) Долна Саксонија.

Приватната берлинска болница „ Charite“ со своите лаборатории ги потврдила првичните наоди, се додава во написот на Die Welt.

За новиот сој на коронаивусот кој започна забрзано да се шири од Лондон и југоисточна Англија, се смета дека дури до 70 отсто е позаразен од основната варијација на вирусот, но првичните анализи сугерираат дека не предизвикува потешки форми на болеста или до поголема смртност од соевите кои досега беа во циркулација.

Германската сојузна покраина Баден-Витенберг минатата седмица објави дека локалните здравствени власти го детектирале новиот сој и кај едно лице кое допатувало на 20-ти декември во Франкфурт преку лондонскиот аеродром Хитроу. Патникот сака да ги посети роднините а бил позитивен на тестирањето направено по неговото доаѓањето. Членовите на семејството го земале со автомобил од франкфуртскиот аеродром и од тогаш се во изолација во нивнито дом.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.