Новиот состав на ЕК ќе биде познат денеска

Новоизбраниот претседател на Европската комисија, Жан Клод Јункер се очекува денеска да го претстави новиот состав на Комисијата.

Бугарскиот еврокомесар Кристалина Георгиева ќе биде задолжена за даночната политика и борбата против измами, вели првичниот план за распределување на ресорите во ЕК, јави БТА.

Две од најважните функции ќе добијат претставници на Германија и Белгија, Гинтер Етингер ќе биде задолжен за трговијата, а Мариане Тисен за конкурентноспособност и антомонополското законодавство.

Мина Андреева, портпаролот на ЕК, вчера изјави дека разговорите за распредлувањето на ресорите продолжуваат и оти конечниот избор се уште не е направен.

Единствен член на Комисијата, чиј ресор е веќе познат е Федерика Могерини, која минатата недела беше избрана од европските лидери да ја раководи надворешната политика.

Откако денеска ќе биде објавен новиот состав на ЕК претстои номинираните еврокомесари да бидат сослушани од Европскиот парламент, кој треба да гласа за новиот состав на Комисијата.