Новите случаи на зарази во Австрија со коронавирусот поврзани со повратници од југот

Во Австрија во неделата се регистрирани 114 нови случаи во последните 24 часа, а властите ги загрижува растот на заразите кои се поврзуваат со патниците од југот па некои политичари бараат построги контроли на границите.

Најголем раст на бројот на заразите се поврзуваат со сојузната покраина Горна Австрија, каде што се регистрирани 53 нови случаи на зараза со коронавирусот. Многу од овие склучаи се поврзуваат со лица кои престојувале во некои од земјите во југоисточна Европа.

Како што пренесува весникот Kronen Zeitung, во последните две седмици 45 лица кои престојувале во некоја од земјите во споменатиот регион во Австрија пристигнале заразени со коронавирусот. Од тоа на Косово отпаѓаат 10, на Србија – 9, на Босна и Херцеговина – 7 и по пет лица кои стасале од земјите на ЕУ, Хрватска и Романија.

Премиерот на сојузната покраина Горна Австрија, Томас Стелцер, апелираше до граѓаните кои патуваат на одбор да бидат претпазливи. Тој истовремено побара и засилени контроли на границите.

„Она што ни е потребно се засилени контроли на границите, за да го спречиме посилното продирање на вурусот во земјата“, речле Стелцер.

Весникот Kronen Zeitung наведува дека брачна двојка која по посетата на „татковината на западен Балкан“ ги заразила колегите од работа и деца во една детска градинка во Маутхаузен.

Новиот претеседател на Конференцијата на сојузните земји (покраини) Вилфред Хаслауер, во интервју за новинската агенција APA изјави дека Австрија економски „не би прежувеала“ нов „локдаун“,

„Вториот локдаун не би го преживеале, ниту стопански, ниту финансиски“, рече Хаслауер.

Австрија за сите лица кои се враќаат од Србија, Босна и Херцеговина или Косово воведе задолжителен карантин по враќањето, а министерството за надворешни работи на своите страници им препорачува на граѓаните да се откажат од патувања во овие земји.