Новите собраниски простории во функција од следната година

Собранието ќе биде целосно реконструирано до крајот на следната година, а ќе биде ставено во функција на почетокот на идната година, информираше главниот архитект на Собранието Биљана Ивановска на денешната обиколка со новинарите низ објектот на која се придружи и претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски.

Со градежниот зафат изградени се 100 простории наменети за пратенички канцеларии. Изградени се и шест сали за седници на Комисиите кои ќе бидат опремени со по две простории за преведувачите и соба за техника. Со постојните 4 сали, вкупниот број на простории кои ќе бидат на располагање на овие собраниски тела ќе изнесува 10, односно секоја сала ќе биде наменета за заседавање на две конкретни комисии.

Глемата Протоколарна сала сместена под големата купола, секако е најмаркантниот дел од новиот простор со кој ќе располага Собранието. Оваа сала ќе биде повеќенаменска, главно наменета за меѓународни средби и собири и опремена со современа техника и ќе располага со окол 250 седишта.

Дел од покривот на Собранието над главниот влез ќе биде адаптиран за видиковец.

По примерот на парламентите на ЕУ, Белгија, Канада, Грција и македонското собрание ќе добие фитнес сала, која е веќе опремена а покрај пратениците ќе ја користат и околу 300 вработени во собраниските служби.

Фитнес салата е сместена во простор, поточно две простории адаптирани за оваа намена. – рече Ивановска.

Со проектот се целосно реновирани и Струшката сала изработена во длаборез. Салата АСНОМ и пратеничкиот клуб.

Реконструкцијата , доградбата, адаптацијата и надградбата на зградата на Парламентот започна во 2010 година. Со овој зафат СОбранието ќе добие нови 4000 квадратни метри корисна површина или заедно со старите околу 17.300 метри квадратни.

Ова е првата реконструкција на Парламентот по половина век.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.