Ново истражување: Ковид-19 може да предизвика парализа кај децата

Меѓународен експертски тим, по анализата на 38 случаи на деца кои биле инфицирани со тешка форма на ковид-19, утврди дека коронавирусот може да предизвика и парализа кај најмладите.

Научниците испитувале случаи на деца од осум земји, меѓу кои и Италија, и утврдиле дека, иако станува збор за вирус што ги напаѓа респираторните органи, тој може да се инфилтрира, директно или индиректно, и да предизвика последици во сите телесни органи, вклучувајќи го и мозокот, објави италијанската новинска агенција АНСА.

Коронавирусот е во состојба преку слузницата на носот да навлезе во мозочното ткиво и да предизвика дамла, а кај децата и парализа, како што покажуваат веќе објавените резултати од претходни истражувања.

Со истражувањето раководел научен тим од Универзитетот во Манчестер, а соработувале и со универзитети од повеќе земји во светот.