Ново Мексико дозволи брак меѓу хомосексуални двојки

Врховниот суд на американската држава НОВО  Мексико дозволи склучување истополови бракови прогласувајќи го за противуставно отфрлањето на барањата за брак на хомосексуалните двојки.

Судот со образложение од 31 страница пресуди дека граѓанската заедница треба да се одреди како „доброволна заедница на две лица”, како и дека „сите права, заштити и одговорности коишто поизлегуваат од брачните односи треба подеднакво да се применуваат” врз истополовите и хетеросексуалните бракови.

Во август оваа година осум од 33-те окрузи во државата започнале со издавање дозволи за брак на истополови двојки, откако овластен службеник одлучил своеволно да дозволи вакви заедници. Окружните власти побараа од Врховниот суд толкување на законот, како и воведување единствена политика кон истополовите бракови.