Ново поскапување на цените за дел од траектските линии во Грција

За четири до осум отсто се зголемени цените на билетите за дел од траектите во Грција, главно на оние од атинското пристаниште Пиреас, што е дополнително покачување на и онака зголемените цени, според грчката новинска агенција ANA-MPA.

Според агенцијта, во споредна со истиот период минатата 2021 година билетите за траектите се зголемени за околу 25 до 34 отсто.

Попрецизно, согласно податоците што ги објавува грчката новинска агенција, од петокот билетот од Пиреа до островот Миконос од 48,50 сега чини 52,50 евра, за Наксос од 48 евра е 51,50 евра, за Парос од 46,50 евра е 50 евра, за Иос од 50 евра е зголемен на 54 евра.

За патување од атинското пристаниште Рафина, цените на билетите се непроменети.

Станува збор за трето поскапување на цените во изминатите месеци, првото беше во април, второто на средината на јуни, а третото стапи на сила во петокот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.