Ново работно време за вработените во државната администрација

Флексибилно работно време ќе имаат вработените во државната администрација, одлучи Владата на денешната седница.

Новот работно време ќе започнува меѓу 7.30 и 8.30 часот, а ќе завршува во 15.30, односно 16.30 часот.

Измени во работното време има и за вработените во управните сектори, кои вршат услуги за граѓаните. Ти еќе работат во две смени – од 7.30 до 14.30 часот, прва смена и втора смена од 14.30 до 21.30 часот. За нив работна ќе биде и секоја прва сабота во месецот.