Ново рочиште за случајот „Таргет-Тврдина“

Со сведоци кои не биле присутни на претходнте рочишта денеска во Кривичниот суд Скопје, ќе продолжи главниот судски случај за аферата за прислушувањето, познат во јавноста како „Таргет-Тврдина“.

На претходните рочишта во овој предмет сведочеа вработени во компанијата Ериксон, кои во своите искази наведоа дека за одржување на системите за следење на комуникациите во УБК тие биле организрани во дежурства, односно при нивна интервенција во системот секогаш имало преставник на УБК.

По завршување на оваа група на сведоци, кои од различни причини не се појавиле на претходните рочишта на ред ќе бидат новинарите и бизнисмените. Обвинителката Ленче Ристовска, за МИА, изјави дека за 2-3 рочишта максимум ќе почнат со презентација на оштетените лица како сведоци во предметот „Тврдина-Таргет“.

Главни обвинети во овој предмет се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, односно неколку вработени во поранешното УБК.

Судскиот процес го води судијата Џенета Бегтовиќ и Владимир Туфегџиќ. Додека обвинението е застапено од обвнителската тројка Трајче Пеливанов, Ленче Ристовска и Артан Ајро.

Обвинетите во овој случај според обвинението се товарат дека во период меѓу 2008-2015 година нелегално прислушувале над четири илјади телефонски броја. Судењето по предметот „Таргет-тврдина“ е почнато на 22.12.2017 година и уште е во фаза на доказна постапка.