Ново рочиште за „Титаник 3”

30

По речиси два месеци од последното рочиште за „Титаник 3”, денеска во Кривичниот суд Скопје ќе продолжи судењето за изборните нерегуларности во Чаир, на локалните избори во 2013 година. Обвинети во овој случај, инициран од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), се актуелниот пратеник на ДУИ Ејуп Алими и Исмет Гури.

Последното рочиште за овој предмет што беше закажано на 4 декември минатата година беше одложено, бидејќи не беше обезбеден сведокот што има пријавено живеалиште во Германија.

Судската постапка за „Титаник 3”  досега двапати беше почната од почеток. Откога судијката Оља Ристова во март минатата година се иззема од овој предмет, за нов претседател на Судечкиот совет беше избрана судијката Марија Клетничка.

Застапници на обвинението се обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.