Ново убиство на мигрант во Сараево

Двајца Алжирци се уапосени во петокот во Сараево, осомничени дека ден претходно убиле илегален имигрант, а ова втор ваков инцидент во градот во последните три седмици, окако на крајот од август беше убиен мигрант од Мароко.

Портпаролот на сараевската полиција Мирза Хаџиабдиќ потврдил за медиумите дека се приведени двајца осомничени кои се доведуваат во поврзаноста со истрагата за убиството на мигрант, чие тело во четвртокот е пронајдени во напиштена куќа во населбата Илиџа.

Телото на убиениот мигрант, чијашто националност засега не е утврдена, било пронајдено со рацете врзани на грбот. Се протпоставува дека убијците го задавиле.

Во куќата во кое било пронајдено телото престојувале повеќе илегални мигранти. Медиумите наведуваат дека мигрантите често влегуваат во напуштени објекти, во кои бараат засолниште бидејќи двата центра за сместување на илегалните мигранти во околината на Сараево се пренатрупани.