Ново видео од уривањето на хеликоптерот на Шриваданапраба

На социјалните мрежи е пуштено ново видео од уривањето на хеликоптерот на сопственикот на фудбалскиот клуб „Лестер“, на кој јасно се гледа дека откажал задниот пропелер на леталото. Во несреќата загина тајланскиот бизнисмен Вичај Шриваданапраба.

Видеото, кое прво го објави „Сан“ е навистина шокантно. Јасно се гледа дека хеликоптерот почнува неконтролирано да се движи околу 40 секунди по полетувањето од средината на теренот на стадинот на „Лестер“. Хеликоптерот по ротирањет паѓа како камен.

Ова е навистина вознемирувачки. Веднаш е јасно дека проблемот е во задниот пропелер. Ова е кошмар на секој пилот, кога тој ќе се расипе тогаш нема враќање. Сепак, пилотот направи неверојатна работа. Чекаше до последен момент и го оддалечи  хеликоптерот надвор од стадионот, рече Џим Роуландс, поранешен пилот на британските воздухопловни сили.

Хеликоптерот се урна во блискиот парк, недалеку од стадионот и се запали. Во несреќата загинаа петмина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.