Ново енормно задолжување на Владата од 61,7 милиони евра

Владата денес ќе се задолжува за нови 61,7 милиони евра. На официјалната страна на Народна Банка на Република Македонија објавена е аукција на државни хартии од вредност во износ од 3.800.000.000 денари или 61. 7 милиони евра.
Според експертите, Македонија енормно се задолжува додека капитални проекти кои се од стратешко значење воопшто не се градат. За тоа зборуваат и катастрофалните податоци на Министерството за финансии за реализацијата на капиталните инвестиции кои заклучно со месец јули изнесуваат мизерни 24,5 %.

Владата ветуваше дека ќе ги намали задолжувањата, но напротив континуирано ги зголемува, велат економистите. На ова алармира и експертската домашна и странска јавност која предупредува и на јавниот долг кој ја надмина психолошката граница и достигна над 50 отсто од БДП.

Истовремено и опозицијата критикува дека задолжувањата ја преминаа секоја нормална граница и дека вкупно задолжувањата достигнаа огромни 600 милиони евра.

Инаку, вкупното задолжување на Владата само за првите 5 месеци од годината изнесува огромни 287,4 милиони евра.