Ново задолжување за дополнителни 44,6 милиони евра на домашниот пазар

257

Иако министерот за финансии Драган Тевдовски најави дека ќе ја намали фреквенцијата на одржување на аукции на државни хартии од вредност, за во вторник е закажана нова аукција со која државата планира да се задолжи за уште 44,6 милиони евра, откако минатата недела преку аукција на државни записи и обврзници државата се задолжи за 30,5 милиони евра.

Државата утре повторно ќе се задолжи кај домашните кредитори, банки и осигурителни компании за сума од речиси 2 милијарди и 750 милиони денари или приближно 44,6 милиони евра.

Веќе следниот ден, во среда, за враќање достасуваат 32,5 милиона евра стари долгови. Исто така, кон крајот на минатата седмица беше објавено дека Владата повлекла 126 милиони евра од девизните резерви, што според познавачите, може да значи дека недостигаат средства за исплата на платите на новите стотина советници во владата кои доаѓаат главно од ткн граѓански сектор.

prospekt zadolzuvanje

Според проспектот објавен на веб-страницата на Министерството за финансии за 15 август е закажана аукција на државни записи во вредност од 27,4 милиони евра со рок на доспевање од 12 месеци, 15 годишна државна обврзница во вредност од 14 милиони евра и 5 годишна државна обврзница во вредност од 3,2 милиони евра.

Од ВМРО-ДПМНЕ последните два дена обвинија дека за 70 дена откако Тевдовски стапи на должноста министер за финансии, новата Влада на СДСМ ја задолжила државата на домашен пазар за 101 милиони евра.

Нарекувајќи го Тевдовсми „министер за задолжување“, од опозицијата посочуваат дека само по основа на државни хартии од вредност на дневно ниво ја задолжи државата за речиси 1,5 милиони евра. Во ВМРО-ДПМНЕ пресметаа дека тоа значи дека секој час државата се задолжува за речиси 62.500 евра, односно секога минута долгот е поголем за речиси 1.050 евра.

Така, според истата пресметка, во изминатиот 70-дневен период министерот Тевдовски успеал да го задолжи секој македонски граѓанин за нешто над 3.100 денари.

Од владејачката СДСМ, пак, во понеделникот тврдеа дека само во првите два месеца од мандатот на новата Влада бил вратен е долгот кон „Дојче Банка“ во висина од 77,3 милиони евра, а јавниот долг бил намален за 31,4 милиони евра во однос на првиот квартал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.