12.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Ново жариште на коронавирусот во Јужна Кореја

Дневниот број на новозаразени со коронавирус во Јужна Кореја повторно е поголем од 50, откако се појави ново жариште во најголемата црква во Сеул.

Здравствените власти сметаат дека е во тек вториот бран на епидемијата, особено во Сеул каде што живеат 24 милиони луѓе.

Според податоците од Центарот за контрола и превенција на заразни болести, во последните 24 часа е потврден 51 нов случај, од кои 20 се импортирани.

Како што пренесува „Јонхап“, девет од новозаболените се поврзуваат со црквата Вангсунг во Сеул која има повеќе од 1.700 следбеници.

До сега во Сеул се потврдени 16 случаи поврзани со таа црква, откако е заразена 31 годишна жена која пеела во хор и престојувала во ноќен камп.

Во среда во Јужна Кореја е пријавен 51 нов случај со коронавирус, наредниот ден 28 а вчера 39.

Во таа земја се борат против два извори на заразата, локалната трансмисија во новите жаришта и внесување на вирусот од странство.

Во Јужна Кореја од почетокот на епидемијата се пријавени 12.653 случаи на коронавирус, а починале 282 лица.