Како ќе ја дочекате 2019-та година според предвидувањата на хороскопот…

Овен

Ќе сакате да ја дочекате новата година со колегите за да ја почувствувате нивната енергија. Ова може ќе ви се оствари, но потребно е да најдете средина помеѓу работата и приватноста.

Бик

Имате многу идеи за дочекот на Новата Година. Ќе се одлучите за традиционална прослава, а музиката ќе биде во склад со желбите на гостите. Додека пак на трпезата ќе има оригинални специјалитети.

Близнаци

Во последен миг ќе одлучите каде и со кого ќе ја дочекате новата година, но, тоа не ви е првпат. Личноста која пред извесен период влезе во вашиот живот ќе посака да ја поминете оваа ноќ со неа. Внимавајте на однесувањето и бидете природни.

Рак

Раковите ќе го прифатат тоа што партнерот ќе го каже, па така, дочекот ќе им биде организиран од партнерот. Слободните ракови ќе добијат интересна покана.

Лав

Толку сте окупирани со работата што нема ни да почувствувате дека дошла Нова година. Но, како и секоја година и оваа ќе ја дочекате со старо друштво во добро расположение.

Девица

Вие ретко ја губите главата за љубов, но, за дочекот ќе се заљубите или пак ќе ги обновите страстите со симпатијата. Многу страст и желба да бидете со саканата личност.

Вага

За дочекот ќе се чувствувате одлично во вашиот круг на пријатели. На полноќ ќе посакате поубав живот, но, не треба само да посаката треба нешто и да направите околу тоа.

Скорпија

Ќе бидете многу енергични и одлично ќе го организирате дочекот на новата година. Ќе бидете со внимателно избрано друштво.

Стрелец

Ќе потрошите многу пари, на облека, на храна … Но, внимавајте малку со трошењето. Не се изненадувајте ако добиете вреден подарок од некого од кој што не сте очекувале.

Јарец

Вие оваа ноќ ќе бидете домаќин и ќе имате многу гости. Дури и ако не сте во вашата куќа вие ќе ги држите работите во свои раце.

Водолија

Вие сте личност која живее за иднината и во иднината. Но, на најлудата ноќ се ќе ве потсетува на минатото. Избегнувајте места кои ве потсетуваат на поранешната симпатија. Направете го она што никогаш не сте го направиле, јасно кажете и на личноста која ви се допаѓа дека сакате да бидете заедно.

Риби

Точно ќе знаете што да посакате и на кого да му честитате. Во вас ќе има љубов за целиот свет… Поделете ја својата радост со сите.