Успешно заврши тринаесеттиот Новогодишен караван на Фондацијата Телеком за Македонија

Во Домот за деца без родители „11 Октомври“ денес се заокружи и успешно заврши тринаесеттиот Новогодишен караван на Фондацијата Телеком за Македонија.

И годинава караванот ги посети најранливите групи на деца: деца без родители, деца со посебни потреби, со оштетен слух и вид, деца со инвалидитет, деца од социјално загрозени семејства и болни деца сместени во здравствени институции.

fondacija-telekom-2

Дружењето со децата и дарувањето е традиција за вработените во Македонски Телеком,  а некои од нив се дел од оваа хумана активност со години. Од 17 до 31 декември 50 волонтери им донесоа радост на над 2000 деца од цела Македонија.

Се поделија Новогодишни пакетчиња и се организираа претстави во 45 институции. Оваа традиција ќе продолжи и во иднина, за да им се помогне на децата на кои им е најпотребно.