Новогодишната хуманитарна акција на ЕВН и Црвениот Крст: Да споделиме радост

Компанијата ЕВН Македонија и Црвениот крст на Македонија и оваа година ја организираат новогодишната хуманитарна акција „Да споделиме радост“.

Утре напладне во Македонската опера и балет ќе се одржи новогодишна претстава и ќе се поделат пакетчиња за децата од социјално загрозените категории, децата со пречки во развојот и инвалидитет, штитеници на домови за грижа на деца, згрижувачки центри за деца од улица и други ранливи категории.

Пакетчињата на децата ќе им ги поделат претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Вернер Хенгст, министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, и генералниот секретар на Црвениот Крст на Македонија, Саит Саити.