Новогодишната елка блесна на плоштадот „Македонија“

Новогодишната елка блесна на плоштадот „Мкедонија“
Новогодишната елка блесна на плоштадот „Мкедонија“

Град Скопје и годинава, традиционално, за да го разубави амбиентот за претстојните Новогодишни и Божиќни празници го украси и декорира централното градско подрачје.

Централната новогодишна елка која е  поставена  на  плоштадот „Македонија“ е со висина од 18 метри, и е  осветлена со 50.000 светилки, 250 блиц светилки, 100 капки и 60  светлосни фигури, а ќе свети во различни бои.

Декорирани и украсени со светлосни елемени се и следниве простори:

Плоштадот „Македонија“ , плоштадот „Пела“,  плоштадот „Филип Втори“, плоштад  ВМРО, пред црквата „Св. Димитрија“,  како и следниве улици во централното градско јадро:

-Булевар „Илинден“ до раскрсницата со ул. „Френклин Рузвелт“; просторот пред Владата на Република Македонија; улицата „Даме Груев“; Булевар „Партизански одреди“ до раскрсницата со булевар „8 Септември“ и платото пред Универзална сала; улица „Димитрие Чуповски“; улица „11 Октомври“; улица „ВМРО“; улица „Филип Втори Македонски“, на потегот од раскрсницата кај Специјалнатa болница за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ до раскрсницата кај Т.Ц. „Мавровка“; просторот пред Судската палата и булевар „Гоце Делчев“ од Т.Ц. „Мавровка“ до Влада на Република Македонија; Старата чаршија пред националната галерија „Чифте амам“; украсување на Паркот „Жена борец“; украсување на просторот пред црквата „Св. Богородица“; украсување на улица „Македонија“; и Булевар „Климент Охридски“ од Влада на РМ до зградата на „Нова Македонија“.

Украсувањето заврши денеска, додека раскрасувањето ќе се одвива од 15.01. до 18.01.2016 година.

Декорирањето и украсувањето за време на Новогодишните и Божиќни празници е на високо естетско ниво со современ и атрактивен дизајн, со унифициран концепт на целиот простор, а за украсувањето годинава е задолженa фирматa Друштвото за производство, трговија и услуги „Линк Медиа Плус“ ДООЕЛ Скопје, за што Градот Скопје ќе издвои 10.400.000 денари.