Новоизбраната лидерка на CDU го именуваше генералниот секретар на партијата

Новоизбраната наследничка на германската канцеларка Ангела Меркел на чело на Христијанско демократската унија (CDU), Анегрет Крамп-Каренбауерм, го именуваше во саботата младиот конзервативец, 33-годишниот Паул Зјемјак за нов генерален секретар на партијата.

Медиумите оценуваат дека со именувањето на Зјемјак, кој е актуелен лидер на подмалдокот на CDU, Крамп-Каренбауер настојува да изгради мостови со ривалите за лидерската позиција, кои ги победи во петокот на партискиот конгрес во Хамбург.

Педесет и шестгодишната Крамп-Каренбауер со тоа покажува дека е решена да ги спречи трајните поделби во партијата и да им даде повеќе простор на конзервативците и помладите членови да се слушне и нивниот глас.

Функцијата генерален секретар на CDU, која се занимава со дневна политичка стратегија на партијата, досега ја извршуваше токму Крамп-Каренбауер. Зјемјак за оваа позиција немал против кандидати, а ја добил поддршката од 62,8 отсто од партиските делегати на конгресот. гт/