Новоизбраната уставна судијка Елизабета Дуковска почна со работа

Денеска во Уставниот суд со работа почна новоизбраната судијка Елизабета Дуковска.

Од Судот информираат дека таа утрово била примена од претседателката Добрила Кацарска, доби работен материјал за седницата која ќе се одржи на 12 април 2023 година.

Дуковска се запозна и со вработените во службата на Уставниот суд и во следниот период ќе добие предмети за работа кои ќе ги води како судија-известител.

Мандатот на судијката Елизабета Дуковска во Уставниот суд е девет години.