„Новости“: Припадници на КФОР обучуваат членови на КБС

Припадници на американските воени сили во редовите на КФОР со недели, на планината Бајгора, обучуваат членови на Косовските безбедносни сили за идната војска на Косово, објави белградскиот весник „Вечерње новости“.

Извори на весникот наведуваат дека обуката се спроведува за најмалку стотина припадници на КБС, кои во одредени временски периоди ротираат на Бајгора. Според истиот извор, американските припадници на КФОр освен обука и ги вооружуваат тие сили, пренесува Танјуг.

„Командата на КБС откупи од Американците 27 борбени возила `хамер`, додека 24 добија на подарок, наведува изворот.

„Новости“ наведуваат дека косовските Албанци ги интензивираат вежбите со Американците во рамки на заедничката операција под кодно име „Златна сабја“.