Новото име на „Мини Шенген“ е „Отворен Балкан“

На Регионалниот економски форум кој се одржува во Скопје, беше промовирано новото име на иницијативата „Мини Шенген“.

Новото име е Open Balkan (Отворен Балкан).

Премиерот Зоран Заев, претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама, учествуваа на овој Форум, и го поздравија новото име на иницијативата за соработка и слободен проток на патници и услуги на трите земји, со надеж дека ќе се приклучат и останатите држави од Западниот Балкан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.