Новото нафтено поле е второто по големина во Иран

Новооктиеното нафтено поле во југозападен Иран е второто најголемо во емјата, изјави иранскиот министер за нафта Биџан Занганех во понеделникот, објави министерството на својата интернет страница.

Се проценува дека нафтеното поле Намаваран, широко 2.400 квадратно метри и просечно длабоко 80 метри и притоа нафтениот слој е длабок 3,1 километар, од Бостан до Омидија двата града во југозападната покраина Кузестан, содржи 53 милијарди барели нафта, рекол Занганех. Најголемото нафтено поле во Иран содржи 65 милијарди барели и се наоѓа во Ахваз.

Како што појаснил Занганех, истражувањата започначе во 2016 година, каде што претходно биле откриени резерви од 31 милијарда барели. Дополнително е утврдно дека располага со дополнителни 22 милијарди барели нафта.

Околу 2,2 милијарди барели нафта повеќе ќе може да произведува ИРан, доколку просечната стапка на закрепнувањето на резервите изнесува 10 отсто, рекол Занганех. Постои можност споменатото нафтоносно поле да биде проширено во југозападна и југоисточна насока, додал министерот.

Откривањето на нафтеното поле во Намаваран би можело за третина да ги зголеми иранските резерви од нафта, рече во неделата иранскиот претседател Хасан Роухани. Кон крајот на 2018 година тие изнесуваа 155,6 милијарди барели, според „Статистичкиот преглед на светските енергетски резерви“ кој го објави групацијата BP. Иран со тоа го зазема четвртото место во светот, зад Венецуеал, Саудиска Арабија и Канада.