Новото раководство во ССМ забранува влез на поединци

437

Според практиката на новата власт, назначениот а не изгласаниот во редовна процедура лидер на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски, откако го презема ССМ веднаш почна на сила да става скандалозни наредби за забрана на влез на поединци.

naredba ssm

Димовски издал наредба со која во објектите на ССМ им се  влез на Методија Димески и Ане Пикаус од Синдакотот за сообраќај, Оливер Стојановски од Синдикат СОБС, Игор Миќев од Синдикат СТОЛБ, Стефан Блажевски од Синдикатот на работниците од шумарство.

Како што се вели во наредбата, таа доаѓа поради наводно „давање лажни изјави во медиумите, опструкција на новото раководство, непризнавање на в.д. претседателот на ССМ, Дарко Димовски и дејствија со коишто го нарушуваат угледот на ССМ и кршат негови акти“.

„Оваа наредба ќе важи се до известување на Претседателството и Советот на ССМ и донесување на конечна статутарна мерка и одлука“, се вели во наредбата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.