Новото распоредување војници на САД на Блискиот исток вклучува и проектили ‘Patriot’

Најновото распоредување на дополнителни илјада американски војници на Блискиот исток, кое беше објавено во понеделникот, ќе вклучува и единици со проектилите Patriot, беспилотно летали како и шпионски авион со екипаж, како и други „средства за одвраќање“, соопшти Пентагон.

„САД не сакаат судир со Иран, но ние сме распоредени и подготвени да ги браниме американските сили и интереси во регионот“, се наведува во соопштението на портпаролот на Пентагон.

Стравувањата од судир меѓу САД и Иран растата од минатонеделниот напад врз два нафтени танкера на влизот во Персискиот залив, за што Вашингтон упорно го обвинува Техеран кој решително ја отфрла одговорноста.

Во интервјуто за магазинот Time објавено во вторникот, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека е подготвен да преземе воена акција за да го спречи Техеран да направи нуклеарна бомба, но не рече дали ќе одобри употреба на сила за заштита на нафтените резерви и наоѓалишта во Заливот. Рече дека нападите врз танекрите досега биле „многу слаби“.

Тензиите меѓу Техеран и Вашингтон пораснаа откако лани САД се повлекоа од меѓународниот договор кој Иран го потпиша со шесте светски сили во 2015 година и наметнаа нови санкции. Потоа САД го обвинија Иран дека стои зад саботажите врз нафтени танкери во Персискиот залив на почетокот од мај. САД во регионот испратија групации на носачи на авиони, бомбардери и дополнителни 1.500 војници, поради што зајакна стравот од директен судир. Вашингтон во Заливот веќе од претходно распореди две групации на ударните групи бродови на два носача на авиони, како и носачот  „USS Abraham Lincoln“ и амфибискиот брод „USS Arlington“, стретешки бомбардери „В-52“ и бродови со ракетните системи „Patriot“,