Новозаразени 640 и 12 починати од Ковид-19 во изминатите 24 часа

  1. Министерството за здравство (МЗ) попладнево информираше дека во последните 24 часа се потврдени 640 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 272 случаи во Скопје, 43 во Куманово, по 41 случај во Прилеп, Тетово и Кавадарци, по 24 во Охрид и Струмица, 20 во Кочани, по 17 во Штип и Кичево, 12 во Гостивар, по 11 во Гевгелија и Велес, по десет во Битола и Неготино, девет во Радовиш и седум во Свети Николе.

Потоа пет случаи на Ковид-19 се регистрирани во Дебар, по четири во Струга, Виница и Ресен, по три во Пробиштип, Валандово и Делчево и по два во Крива Паланка и Берово.

Од МЗ соопштија дека од Ковид-19 во изминатите 24 часа починале 12 лица, односно, седум пациенти од Скопје на 63, 78, 70, 73, 70, 71 и 64 години, двајца од Велес на 79 и 89 години, еден пациент од Прилеп на 73 години, еден од Штип на 72 години и еден од Струмица на 85 години.

Институтот за јавно здравје регистрирал 143 оздравени пациенти, односно, од Скопје-71, Куманово-5 Дебар-1, Штип-7, Тетово-10, Струга-4, Велес-2, Битола-3, Охрид-3, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-2, Струмица-9, Радовиш-1, Кочани-6, Берово-3, Валандово-3, Свети Николе-2, Кичево-1 и од Неготино-2.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 25473, бројката на оздравени пациенти е 18047, на починати е 874, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6552. Од вчера се евидентираат три контролни теста“, информираат од МЗ.

На Инфективната клиника во Скопје во изминатите 24 часа примени се 20 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 115 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 90 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се седум деца и пет мајки позитивни на Ковид-19 и три деца и три мајки суспектни на вирусот.

„Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 43, а во болницата во Штип се 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 262, позитивни и сомнителни на Ковид-19“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 229.246 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.634 теста.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.