Новозеландски авион лета во Европa за помош на Украина

Транспортен авион „Hercules“ на новозеланската војска одлета во Европа во мисија за поддршка на Украина.

„Авионот во средата го напушти Нов Зеланд за да им помогне на партнерските армии да ја поддржат Украина во одбрамата од руската инвазија“, изјави министерот за одбрана Пини Хенаре.

Со авионот одлетале девет членови на екипажот, кои се дел од тимот од 50 припадници на војската кои ќе бидат распоредени за поддршка на операциите во следните два месеца.

Хенаре додаде дека авионот ќе биде вклучен во синџирот авиони од партнерските земји коишто ја тренспортираа веоната опрема и резервите во клучните дистрибутивни центри.

„Нов Зеланд можеби е далеку од Европа, но знаеме дека е толку очигледен напад врз суверенитетот на една земја е закана за сите нас. Затоа правиме сѐ за да ја поддржиме Украина“, рече министерот.