Нови 316 заразени, а уште 11 пациенти ја загубија битката со Ковид-19

Институтот за јавно здравје објави дека во  последниве 24 часа, од направени 1562 теста, регистрирани се 316 новозаразени со ковид-19 во Македонија. Од компликации од бопеста починале 11 пациенти. Како оздравени се запишани 681 пациент. Вообичено, податоците за неделите во изминатите месеци секогаш покажувале помал број на позитивни случаи, што секако се должи на помал број тестирани лица во деновите на викенд.

Во Скопје е регистриран најголем број на нови позитивни случаи – 164, а потоа Прилеп со 34, Куманово – 16, Кавадарци и Неготино по 16, Тетово – 12, Гостивар – 10.

Починати се 4 пациенти од Скопје, по две лица од Прилеп и Крушево и по еден починат од Штип, Битола и Охрид.

Во моментов во земјата активни се 8.863 случаи, од тоа 4.215 се во Скопје, а од градовите најмногу активни случаи има во Прилеп – 690, потоа во Кавадарци – 496, Охрид – 440, Куманово -345, Неготино – 304, Гевгелија – 270, Тетово – 259.