НСДП: Да не дозволиме државата да стагнира

НСДП го поздравува одржувањето на лидерската средба во насока на политичкото обединување на кое повикавме пред две недели и кое е неопходно за да се загарантира европската иднина на државата, се вели во партиското соопштение на НСДП.

-Го поздравуваме прогресот во ставот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за прифаќање на уставните измени, кој процес треба веднаш да се започне во Собранието. НСДП е спремна со своите пратеници да поддржи влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата со цел остварување на највисокиот стратешки државен интерес-членство во Европската Унија, откако во Собранието заеднички ќе изгласаме прифаќање на Иницијативата за уставните измени. За НСДП македонскиот јазик и македонскиот идентитет се загарантирани и заштитени со усвојувањето на преговарачката рамка и нема простор за загриженост, тие се гарантирани од нашите стратешки партнери Европската Унија и САД, истакнуваат од НСДП.

Повикуваме на државнички пристап од сите политички актери, на разум и да не дозволиме државата да стагнира, туку да бидеме одговорни и да го препознаеме политичкиот моментум за да исчекориме кон прогрес, реформи и општествен напредок кој го очекуваат граѓаните, додаваат од НСДП.