НСО која го создаде „Пегаз“: Темелно ќе испитаме веродостоен доказ за злоупотреба на софтверот и ќе го затвориме системот каде што е потребно

рупацијата НСО која го изработи софтверот „Пегаз“ кој е во центарот на шпионскиот скандал со следење и прислушување на телефони на политичари и новинари денеска даде јавна изјава во кој тврди дека списокот на телефонските броеви не е цел ниту потенцијална цел на софтверот Пегаз.

Од групацијата велат дека како технолошка компанија не работат со системот ниту пак имаат пристап до податоците на нивните клиенти, но додаваат, дека нивните клиенти се должни да им дадат инвормации за истрагите.

„Повторно ќе изјавиме: Списокот не е список на цели или потенцијални цели на Пегаз. Броевите во списокот не се поврзани со групата НСО. Секое тврдење дека името во списокот е нужно поврзано со целта на Пегаз или потенцијалната цел на Пегасус е погрешно и лажно. НСО е технолошка компанија. Ние не работиме со системот, ниту, пак, имаме пристап до податоците на нашите клиенти, сепак тие се должни да ни дадат вакви информации под истрага“, се вели во изјавата.

Понатаму Групацијата најавува дека темелно ќе испита каков било веродостоен доказ за злоупотреба на своите технологии и ќе го затвори системот каде што е потребно.

„НСО ќе продолжи со својата мисија за спасување животи, помагајќи им на владите ширум светот да спречат терористички напади, да разбијат прстени за педофилија, секс и трговија со дрога, да лоцираат исчезнати и киднапирани деца, да ги лоцираат преживеаните заробени под урнати згради и да го заштити воздушниот простор од нарушување на пенетрацијата со опасни беспилотни летала“, се вели во изјавата на Групацијата која се најде во центарот на скандалот со софтверот „Пегаз“ .

Групацијата НСО, појаснува дека е водечки развивач на технологија што дозволува софтверски решенија за владите и агенциите за спроведување на законот за да истражат и спречат терористички акти, да се борат против криминалот и да се зголеми јавната безбедност.