Нучниците откриваат ефикасен препарат против Covid-19

Научници од Велика Британија и од Кина во лабораротиски истражувања ги потврдиле шансите за ефикасно третирање на Covid-19 со постоечкиот лек „тапсигаргин“, а резултатите покажуваат не само дека тој делува стотици пати поефикасно од другите антивирусни агенси, туку и дека е во состојба да ги лекува комплексните инфекции, како што се коронавирусните и грипозните, според студијата објавена во магазинот Viruses.

Британските истражувачи од Универзотот во Нотингем, Агенцијата за зачувување на здравјето на животните и растенијата и од Инститот за здравје на животните Прибрајт, заедно со колегите од Кинескиот земјоделски институт, открија дека антивирусниот лек со широк спектар на делување „тапсигаргин“ е ефикасен против новиот коронавирус SARS-CoV-2. Претходно беше познато дека овој рестителен препарат во ниски дози го активира вродениот антивирусен имунолошки одговор против главните три типа на респораторните вируси кај човекот: „ладните“ коронавируси, респираторно-синцитијалниот вирус (RSV) и вирусот на грипот А.

Имајќи предвид дека актуните респираторните вирусни инфекции предизвикани од различните вируси честопати не се разликуваат клинички во нивните манифестации, како и веројатноста за комбиниран ефект од неколку вируси, особено во текот на нивната сезонска активност, авторите на студијата сметаат дека „тапсигаргинот“ е многу ветувачки во борбата против ширењето на инфекциите, вклучително и во можните бранови од пандемијата на коронавирусот.

Резултатите од лабораториските истражувања врз клеточни култури и животни, покажале дека „тапсигаргинот“ е ефикасен и како профилактичко средство и во текот на активната инфекција. Тој ја спречува репликацијата во клетките најмалку 48 часа по еднократно третирање со препаратот.

Авторите забележуваат дека препаратот е лесен за употреба, тоје е стабилен во кисела средина на желудникот, и затоа може да се зема орално. Безбедноста на лекот е потврдена при тестирањето на терапијата со лекови на ракот на простатата. Но фактите за развој на отпорноста на „тапсигаргинот“ кај вирусите не се познати. Како уште една предност на лекот, истражувачите ја сметаат и можноста за земање и од луѓето, и од нивнтие домашни миленици.

„Актуелната пандемија ја потенцира потребата од ефикасни антивирусни лекови за лекување на активните инфекции, како и вакцини за спречување на инфекции“, се наведува во соопштението на Универзитетот Нотингем, во кое се цитира изјавата на водечкиот научник на студијата, Чанг Кин-Чоу од Факултетот за ветеринарна медицина наука, биолошки науки, фармација, медицина и хемија.

„Имајќи предвид дека идните пандемии веројатно ќе имаат животинско потекло и ќе се пренесуват од животно на човек, антивирусните препарати од следната генерација, како што е ‘тапсигаргинот’ може да играат клучна улога во контролата и третманот на новите зоонотични вирусни инфекции“, се наведува уште во објавата.

И вурисот на грипот, и новиот коронавирус, и RSV се глобални патогени микроорганизми кои ги напаѓаат и луѓето и животните. „Тапсигаргинот“ припаѓа на новата генерација на антивирусните лекови. За разлика од конвенционалните антивирусни препарати, кои се насочени кон вирусот, тој влијае врз имунолошкиот систем на домаќинот и може да користи како дел од интергрираниот пристап „One Health“ за борба со постојните и идните човечки и животински вируси.