Нудистите ќе шетаат слободно низ улиците на Минхен

Германскиот град Минхен го легализираше нудизмот така што разголените нудисти отсега ќе може опуштено да шетаат.

Како што пренесуваат германските медиуми, нудистите не биле воодушевени со тоа што во Минхен не смеат да шетаат како од мајка родени, но градот сега претставил шест зони каде ќе може тоа да го прават.

Едно време нудизмот бил забранет во Минхен, а од минатата есен се работело на обнова на законот кој им дозволува на нудистите да шетаат наоколу голи, поради што тие сега и официјално се добредојдени во ова место.

Шест нудистички области во овој германски град не се изолирани, иако се малку сокриени, односно сместени во парковите, со цел да се сочува некој степен на приватност за оние кои не сакаат да гледаат голотија.

Една од зоните каде нудистите ќе може да ужуваат без грижа е сместена во близина на туристичка атракција, главниот плоштад во Минхен.

Голотијата на јавните места била дозволувана во годините кога било целосно вообичаено да се гледаат луѓе кои на одредени дестинации се шетаат голи – нудистичките „точки“ главно биле долж реката Исар.

Голотијата не е дозволена само во Минхен. Тоа е вообичаена пракса ширум Германија, а првата нудистичка плажа е отворена во 1920 година.