Нухиу ја повика дијаспората да се попише – ќе влезе во вкупниот број на население во државата.

Заменик министерот за правда Агим Нухиу во улога на функционер на ДУИ ги повика граѓаните, но и дијаспората да се попишат бидејќи како што потенцира, дијаспората ќе влезе во вкупниот број на население во државата.

– ДУИ се погрижи законот за попис да биде сеопфатен. Закон ја обезбедува можноста секој граѓанин да се попише. Конечно како целиот развие свет и ние ќе ги имаме потребните информации. Најважно е реализација на попис со почитување на сите стандарди за ковид-19. Сите институции и Заводот за статистика даваат цврсти гаранции дека пописот се реализира според предвидената динамика. Повикуваме да се попишат сите граѓани тоа е најголемиот патриотски чин, сите сме поврзани со нашите домови и со нашите имоти, секој е важен. За првпат дијаспората се попишува користејќи ја опцијата за електронско попишување. Ги повикувам сите граѓани да се попишат, да се избројат оти ќе бидат дел од вкупниот број на населението во нашата држава вклучувајќи ја и дијаспората – рече Нухиу на прес конференција.