Нула евидентирани лица; Лога и Ковачевски поделија 409 изводи од матична книга на родени

Министерот за правда Кренар Лога, премиерот Димитар Ковачевски, директорот на на УВМК Емир Сулејмани,државниот секретар во МП Мухамед Точи и пратеничката Љатифа Шиковска, им поделија 409 изводи од матичната книга на родени на досега неевидентираните лица, кои поради немање на овој документ, беа лишени од пристапот до здравствена и социјална заштита, образование и пристап до правдата.

-Mинистерството за правда го поддржуваше и координираше процесот за системско и трајно решавање на повеќедеценискиот проблем на приближно 700 лица, кои беа неевидентирани и незапишани во матичната книга на родени. Дадовме поддршка на подготовката на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени кој беше донесен во 2020 година, изјави Лога.

Предлог на Законот за изменување и дополнување на овој закон беше поднесен од група пратеници во Собранието а донесен на 14 Јуни 2023 година. Согласно Конвенцијата за правата на детето, со него се гарантира правото на упис во матична книга на родени на секое дете родено на територијата на РС Македонија, веднаш а најдоцна 45 дена од денот на раѓањето, независно од државјанството и личниот статус на неговите родители.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.