Нуланд: Русија сака да ја уништи Украина и нејзините цивили

Американската дипломатка Викторија Нуланд ги правдаше обвиненијата за наводен „геноцид“ кој пртходно ги изнесе претседателот Џо Бајден против Русија, оценувајќи дека руските сили наводно сакаат да ја „уништат Украина и нејзиното цивилно население“.

Американскиот претседател го изненади светот со изјавата дека рускиот претседател Владимир Путин „спроведува геноцди“ во Украина, признавајќи дека за тао сепак ќе одлучуваат меѓународните правни стручњаци.

„Мислам дека многу скоро, кога ќе ги собереме сите докази, ќе дојдеме до истиот заклучок какои претседателот Бајден, бидејќи тоа што се случува на теренот не е несреќен случај. Русија и нејзините сили свесно одлучиле да ја уништат Украина и нејзиното цивилно население“, тврдеше за CNN американската државна потсекретарка Викторија Нуланд.

Повеќе европски челници не се наклонети на користење на терминот „геноцид“ во врска со украинската војна, а Москва возвраќа дека токму Киев поддржан од Западот спроведувале изминатите години „геноцид“ врз руското и проруското населени на југоистокот на Украина. Сепак, поради аериканското влијаени во меѓународните институции, постепено се прави преформулација на дефиницијата за „геноцид“, иако на САД, на пример, и беа потребни повеќе од половина век да го употребат терминот во врска со погромот на Ерменците во Османслиското царство во Првата светска војна.

Конвенцијата на ОН за спречување и за казнување на злосторството геноцид донесена во 1948 година го опишива како „злосторство сторено во намера за целосно или делумо уништување на една национална, етничка, расна или верска група“.

Правниците секогаш се претпазливи во врска на употребата на овој терин, а западните челници се поделени во врска со тоа. Кремљ, пак, го оцени „неприфатливо“ таквото обвинување од Бајден. Американските дипломати, сепајк, настојуваат да ги минимизираат конкретните последици од обвинуваата на Бајден, оценувајќи дека во прв ред станува збор за „морален“ став.

„Претседателот зборуваше за впечатокот кој го стекнал гледајќи ги страшните снимки кои ги видовме сите од местата како Мариупол, Буча и Харков“, изјави во средата портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, алудирајќи ги на обвинувањата на Киев против Москва дека таму направила „злосторства“ без да бидат понудени независни докази за таквите тврдења.

„Не е важно како ќе ги викаме таквите работи, туки како на нив ќе одговориме, а ќе одговориме решително, испраќајќи им на нашите украински партнери сѐ што им е потребно да се одбрана. Без оглед дали станува збор за воено злосторство, за злосторство или за геноцид, тоа неа да влијае на нашата стратегија, тоа нема да ни даде поголеми овластувања“, рече Прајс.