Нуредини вели дека пратениците барале пластичните кеси да чинат 20 денари

Нашиот првичен предлог како министерство беше 10 денари за кеса. Кога дојде законот во Собрание, пратениците побараа со амандман да биде 20 денари. Се договоривме да биде 15 денари, рече министерот за животна средина, Насер Нуредини во интервју за ТВ Сител, говорејќи за најновата цена на биоразградливите кеси во продавниците и маркетите.

Според него, идејата на цената на овие кеси не е околу вредноста на кесата.

„Идејата на кеса од 10 денари е да се обидеме да ги мотивираме граѓаните да не ги користат пластичните кеси. Тие не се разградливи едноставно во природата. Тие се распаѓаат и ја загадуваат почвата и водата. Идејата не е цената, туку да се користи помалку пластика. Ние гледаме на 10-те денари како на 15 центи и тоа е цена која ќе мотивира помалку да се користат“, смета Нуредини.