Нурмагомедов го нокаутираше Мекгрегор, па се пресметуваше со неговиот тим

Рускиот ММА борач, Хабиб Нурмагомедов ја одбрани УФЦ титулата во лесна категорија откако го победи со  техничкиот нокаут Ирецот Конор Мекгрегор во четвртата рунда од спектекуларниот меч кој заврши со масовна тепачка. 

Русинот заслужено го доби мечот во кој доминираше во првите две рунди, а во еден момент односот на значајни удари беше 57: 3. Ирецот во една ситуација беше пред нокаут, но во еден момент му сигнализираше на судијата да не ја прекинува борбата. Нурмагомедов борбата главно ја пренесуваше на подот на октагонот, но не беше лош ниту во борбата со нозе, каде Мекгрегор е подобар.

Ирецот покажа отпор и иницијатива во третиот дел, но тоа беше последица на заморот на Нурмагомедов поради сериозна офанзива во втората рунда. Сепак, беше очигледно дека ирскиот борец нема доволно сила, па затоа не успеа да го искористи моментумот, што беше казнето од Нурмагомедов во следната рунда. Русинот го фати Мекгрегор во „јака“ и го „задуши“ па Ирецот мораше да тапка по ипонот за да судијата го прекине мечот.

Уште пожестоко беше по завршување на мечот кога дојде до масовна тепачка, која всушност не се знае кој ја почна. Русинот веднаш го прескокна кафезот и тргна  физички да се пресметува со спаринг партнер на Мекгрегор, а Ирецот тргна кон рускиот тим. Се направи гужва во која многумина влегоа во кафезот, но немаше повредени.

Атмосферата беше загреана и во публиката, каде 20.000 навивачи, главно на Ирецот, беа неадоволни од резултатот, па шефот на УФЦ одлучи да не му го предаде шампионскиот појас на Нурмагомедов  во Арената за да не дојде до поголеми нереди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.