NYT: Советниците на Бајден развиваат план против нападите на Трамп

Советниците на актуелниот демократски претседател Џо Бајден развиваат стратегија за одговор на можни идни напади од страна на неговиот републикански претходник на должноста Доналд Трамп, пишува дневниот весник The New York Times.

Во вторникот Трамп официјално ја објави својата намера повторно да се кандидира на американските претседателски избори во 2024 година. Во врска со оваа најава, според NYT, Бајден е подготвен да го примени ткн „проект Трамп“.

„Во Западното крило (на Белата куќа), мала група советници на претседателот работат на развој на план за тоа како Бајден и Белата куќа ќе одговорат на она, како што тие очекуваат, ќе биде постојан прилив од напади од страна на поранешниот претседател“, се наведува во прилогот на весникот.

Според советниците на Бајден, пишува натаму NYT, американскиот претседател ќе продолжи со тврдењата дека Трамп претставува закана за демократијата. А неговите помошници имаат намера да докажуваат дека четирите години од мандатот на Трамп не донеле вистински достигнувања на САД.

А во својот прв јавен настап по објавувањето на идејата за претседателска номинација, Трамп не ја пропушти да го спомене Бајден во негативен контекст.

„Бајден и левичарските налудничави радикали ја водат земјата во пропаст“, ја цитира весникот изјавата на Трамп во текот на говорот во вторникот вечерта во Мар-о-Лаго на Флорида

Претходно Бајден изјави дека ќе се кандидира за вториот претседателски мандат, но оти сѐ уште не ја донел конечната одлука за тоa.