NYT: Трамп може да се врати на идејата за повлекување на САД од НАТО

Американскиот претседател Донал Трамп одново може да го разгледа прашањето за истапувањето на САД од НАТО, доколку не биде задоволен со темпото на зголемените издвојувања за одбраната на сојузниците во Алијансата, објави во понеделникот весникот The New York Times.

Според изворите на весникот од американската администрација, минатата година претседателот Доналд Трамп неколкупата во доверба ја најавил својата жлбата да ги повлече САД од Алијансата. Претседателот ја правдал својата позиција, дека не гледа смисла во постоењето на НАТО, кој го споредил со мочуриште во кое заглавиле Соединетите држави. Соговорнониците на весникот изразиле стравување дека во одреден момент Трамп може да се наврати на оваа идеја, доколку не му се допадне темпото на зголемувањето на средствата за одбраната кои ги издвојуваат другите земји членки од Алијансата.

Трамп им забележува на членките на НАТО поради тоа што нема да ги постигнат целените 2 процента од издвојување во скорешен рок, споменато на самитот во Букурешт во 2008-та а договорен во Велс во 2014 година. Освен САД, коишто издвојуваат 3,5 отсто од својот БДП, a целта засега ја исполниле само уште Велика Британија, Полска, Грција и Естонија. Покрај тоа, американскиот претседател предлага зголемување на овие издвојувања до 4 отсто од БДП-то.

NYT наведува дека Трамп, летото минатата година, пред Самитот на НАТО, пред своите советници за безбедност изјавил дека не ја гледа смислата на воениот сојуз, кој финансиски ги ослабнува САД. Тогаш советниците на Трамп, меѓу кои и секретарот за одбрана Џејмс Матис и советникот за национална безбедност Џон Болтон се обиделе да ја поддржат американската стратегија за намалување на присуството во Европа, но без да се спомнува повлекувањето од НАТО. Според весникот претседателот на САД повеќепати повторил дека сака да се повлече од НАТО, но експертите истакнуваат дека тоа ќе „подарок на векот“ за рускиот претседател Владимир Путин.

Неименуван висок претставник на Белата куќа запрашан за плановите на Трамп ја повтори изјавата на американскиот претседател од јули минатата година, дека ангажманот на САД во НАТО е „многу силен„ и оти Алијасната е „многу важна“.

Во јули минатата година магазинот Politico пишуваше, исто така, дека Трамп им се заканил на сојузниците со истапувањето на САД од Алијансата. Според сознанијата на изданието, американскиот претседател на средбата со челниците на членките на НАТО, вклучително и претседателите на земјите партнери Украина и Грузија, предупредил на „тепшки последици“, доколку сојузниците што е можно поскоро не ги зголемат националните расходи за одбраната.

Дипломатски извори од Брисел подоцна прецизираа дека Трамп на „висок тон“ побарал на вториот ден од самитот на НАТО да се обнови дискусијата за трошоците на европските земји за одбратама, но оти не се заканил со излегување од НАТО.