Џо Бајден е избран за претседател на САД

Според проценките на тимот на експерти за изборите во САД Џо Бајден победи во Пенсилванија и 20-те електорски гласови од оваа држава одат на негово конто и тој освои вкупно 273 елеторати од потребните 270 за победа, објавија оттаму на нивниот официјален твитер-профил.

Според нив, по сите анализи, проценки и пребројување на гласовите, нема дилема дека Џо Бајден е избран за 46-ти Претседател на Соединетите Американски Држави.

Потврда за победата на демократскиот кандидат Џо Бајден доаѓа и од други извори.