21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

О’Брајан: САД ќе воведат санкции за Кина доколку го примени законот за Хонг Kонг

Советникот на САД за национална безбедност Роберт О’Брајан денеска се закани дека Вашингтон ќе воведе санкции кон Кина доколку Пекинг го донесе законот за национална безбедност на територијата на Хонг Конг.

„Тешко е да се предвиди како Хонг Конг би останал азиски финансиски центар ако Кина ја преземе функцијата“, изјави денеска  Роберт О’Брајан за Ен-Би-Си, додавајќи дека тоа би било „голема грешка“ од Пекинг.

Тој предупреди дека во тој случај „финансиската заедница“ нема да остане во Хонг Конг.

О’Брајан објасни дека Стејт Департментот нема да може да потврди дали Хонг Конг го задржува „високото ниво на автономија“, што ќе доведе до правни импликации.

„Ако се случи тоа, ќе има санкции и за Хонг Конг и за Кина“.

„Кина зависи од капиталот од остатокот на светот“, рече О’Брајан. „Ако го изгубат пристапот до него преку Хонг Конг, тоа ќе биде голем удар за Си Џинпинг и Комунистичката партија на Кина“, додаде тој.

Пекинг објави нацрт-закон за национална безбедност со кој ќе се формираат кинески разузнавачки агенции во Хонг Конг. Документот ги зголеми стравувањата за судбината на формулацијата „една земја, два система“, која е воведена во Хонг Конг откако британската колонија беше вратена под кинеска власт во 1997 година. Овој аранжман му гарантира на Хонг Конг широки слободи, кои не постојат во копнена Кина, вклучително и слободата на печатот и независното судство.

Властите во Пекинг и Хонг Конг велат дека предложениот закон е потребен и нема да и наштети на автономијата на Хонг Конг.

Вчера околу 200 политичари од целиот свет  изјавија дека предложените закони се „сеопфатен напад“ врз автономијата на Хонг Конг, владеењето на правото и основните слободи. Кина соопшти дека со поплаките се мешаат во внатрешните работи и ги отфрли стравувањата дека предложениот закон може да им наштети на странските инвестиции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.