ЈО да отвори постапка против Заеви, излегуваат сведоштва за невиден рекет, бара ВМРО-ДПМНЕ

ЈО да отвори постапка против Заеви, излегуваат сведоштва за невиден рекет, а институциите молчат. Таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски во јавноста изнесе сведоштво дека Зоран и Вице Заев се на чело на криминалното милје во Македонија. Докази за тоа постојат како што кажаа таткото и синот Јовановски, во телефонот на Бојан Јовановски. Тие одлучувале и наредувале, кој да биде притворен, кој и кога ослободен, кој осуден, а кој пуштен. Целиот систем е користен во функција на криминалната мрежа на власт, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие ги повикуваат институциите и луѓето професионалци кои не се дел од шемата на Заеви да отворат постапки час поскоро.

– До кога Обвинителството ќе ги штити главните виновници во случајот „Рекет“? Вистината мора да излезе на виделина. До каде се кривичните пријави коишто ги поднел обвинетиот Бојан Јовановски кон лица од власта, меѓу кои од врвот на СДСМ? Правосудството во Република Македонија се покажа и докажа изминативе години дека е контролирано од Зоран Заев и тоа е факт којшто го знаат сите и не може да се промени. Тој тужи, тој суди, тој рекетира и тој одлучува што понатака со човечки судбини, се додава во партиското соопштение.