ОЈО: Давањето на исказ на осомничено лице не е процесно дејствие

Давањето исказ на осомничено лице не е процесно дејствие, што подразбира дека одбрана, односно исказ, може да се даде и во законскиот утврдениот рок кога се врши увид во доказите, укажа денеска Јавното обвинителство откако адвокатот на првоосомничениот во „Рекет“ Бојан Јовановски, Сашо Дуковски рече дека се случил преседан за време на исказот на Боки 13 кога му бил доставено решение за завршена истрага.

-По севкупната анализа на прибраните материјални и вербални докази, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција што постапува во предметот познат во јавноста како „Рекет“, ја заврши истражната постапка за осомничените лица. Од денес тече рокот од 15 дена за увид во доказите за првоосомничените лица и правото на одбраната да предлага докази во корист на осомничените, соопштоја од ОЈО.

Информираат дека утре ќе биде повикано третоосомниченото лице, кое воедно ќе биде информирано и за завршување на истражната постапка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.