Обвинителство: Мицкоски ниту бил во фитнес-центарот ниту се манипулирани видео снимките

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по извршени детални проверки, донесе резолуција дека нема место за јавнообвинителско постапување во предметот кој беше оформен по поднесено известување поради сомненија дека услугите на фитнес-центар во Скопје се користеле спротивно на одлуките и прописите со кои беа определени мерки за спречување на ширењето на КОВИД-19, се вели во Резолуцијата на ОЈО Скопје во врска со случајот „Теретана“ кој се поврзуваше со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, односно дека за време корона забраните бил во финец центар.

Основното јавно обвинителство Скопје наведува дека за овој случај се обезбедени видео записите и ДВР-уредите на кои се сочувани видео записите од безбедносните камери во фитнес студиото. Во својство на сведоци се испитани повеќе лица.

Предмет на анализа бил и целокупниот материјал којшто е обезбеден и доставен од страна на СВР Скопје, а бил одземен од деловниот субјект во критичниот период.

„Притоа, на прибавените снимки не биле збележани ниту посочените, ниту други лица да ги користат услугите на фитнес – центарот спротивно на донесените забрани. Од вештачењето на ДВР-уредите произлезе дека видео записите не биле манипулирани, односно беше потврден интегритетот на податоците на доставените уреди“, истакнуваат од ОЈО Скопје и додаваат:

„Дополнително, надлежниот јавен обвинител ја прибави и документацијата од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР кои спровеле постапка во однос на наводите за присуство на полициски службеници во фитнес центарот, спротивно на мерките за спречување на пандемијата. По проучување и анализа на целокупниот материјал, јавниот обвинител утврди дека во конкретниот случај не постои основано сомневање дека е извршено кривично дело кое се гони по службена должност“.

Во април на Интернет беа објавени видеа на кои се гледа како Мицкоски оди во теретана и се тврдеше дека се направени за време додека траеше забраната за работа на теретаните. Тој тврдеше дека снимката е стара шест месеци.

Поради овој случај во медиумите се крена гоелма врева, оние наклонети кон СДСМ, затоа што тогаш рејтингот им беше паднат.