ОЈО отвори истага за жител на Глумово за држење и продажба на дрога

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Осомничениот на 4 декември, во својот дом во село Глумово, заради продажба држел наркотична дрога кокаин со вкупна нето маса од 6.3 грама. Дрогата била одземена при претрес на домот од страна на овластени службени лица, соопшто ОЈО Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.