ОЈО се спогоди со пет лица во случајот каде е обвинет поранешниот градоначалник Јакимовски

Јакимовски: Ако нема избори на јуни, граѓаните ќе излезат на улица
Јакимовски: Ако нема избори на јуни, граѓаните ќе излезат на улица

Надлежен обвинител при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постигна спогодба со пет лица кои, по поднесувањето на Обвинителниот акт со кој се обвинува градоначалник, осум административни службеници од Општина Карпош и две одговорни лица во правно лице, поднесоа изјави за признавање на вина.
– Според Обвинителниот акт заснован врз прибраните докази во текот на истражната постапка во временскиот период од 2012 година до 2013 година во рамките на Урбанистичката парцела на Основното училиште Лазо Трповски, обвинетиот Ј.К. како надзорен орган во правното лице Друштво за производство, градежништво, трговија и услуги Карапанчевски Компани ДООЕЛ Скопје, во име и за сметка на правното лице, како надзор, спротивно на одредбите од Законот за градење, без Одобрение за градење, на инвеститорот, вршел надзор на градба деловен простор – административен објект на локалната самоуправа. Со своите дејствија обвинетиот сторил кривично дело Бесправно градење од чл.244-а ст.1 од Кривичниот законик. По признание на вина, обвинетиот се согласи да му биде изречена казна затвор во траење од две години, која нема да се изврши доколку во рок од три години не стори ново кривично дело, информираат од ОЈО.

Во текот на 2016 година, се вели во соопштението, обвинетиот Н.Н. како службено лице во Општина Карпош, назначен за Претседател на Комисија за јавна набавка, обвинетиот С.М. како службено лице –државен службеник во Општина Карпош назначен за Член на Комисија за јавна набавка и обвинетата А.С. како службено лице – државен службеник во Општина Карпош назначена за Заменик член на Комисија за јавна набавка, со пропуштање на должниот надзор, несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности во постапка за јавна набавка за „Партерно уредување на Сквер во Жданец” прибавувајќи корист за Друштво за градежништво, производство, трговија и услуги С.М.Компани ДОО Свети Николе во висина од 2.845.234,оо денари. Со своите дејствија сториле кривично дело Несовесно работење во служба од чл.353-в ст.5 од Кривичниот законик.

– Обвинетата Р.Д. како службено лице во Општина Карпош, во 2017 година, постапувајќи по Барање поднесено од физичко лице, пропуштила должен надзор и изготвила и потпишала Решение за утврдување на правен статус на времен објект за деловна намена како да е бесправно изграден објект, со што овозможила физичкото лице незаконски да се стекне со корист – право на сопственост на објект и ексклузивно право на откуп на земјиште под објект сопственост на Северна Македонија, се наведува во соопштението од ОЈО.

Од ОЈО наведуваат дека осомничените го признале извршувањето на кривичното дело што им се става на товар и се согласиле да им биде изречена казна затвор во траење од една година, која нема да се изврши доколку во рок од две години не сторат ново кривично дело и парична казна како споредна казна во висина од 500 евра во денарска противвредност.

Судијата на претходна постапка ги прифати поднесените Предлог-спогодби и донесе пресуди со кои на обвинетите им се изрекуваат предложените казни. Мерките на претпазливост определени спрема обвинетите ќе бидат укинати по правосилноста на Пресудите по Предлог – Спогодбите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.