ОЈО Велес поведе истрага за разбојништво против 30-годишен велешанец

Основното јавно обвинителство Велес поведе истрага против 30-годишен велешанец под сомнение дека сторил кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, на 17 февруари, кај местото викано „Сточно пазариште“, се приближил од зад грб на една жена, ја повлекол за чантата и започнал да ја влече. Бидејќи не можел да ѝ ја оттргне, ја удрил по окото и устата, нанесувајќи ѝ телесни повреди, ѝ ги скршил очилата, па ја турнал на земја. Од оштетената ја одзел чантата со паричник во кој имало околу 300 денари, 20 евра и лични документи.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка во Основен суд Велес достави предлог за определување мерка притвор поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведокот/оштетената или да го повтори делото.​